Skip to main content
Свет

Тројца загинати и десетина повредени во бомбашки напад на фестивал во Тајланд

14/12/2024  15:49

Најмалку три лица загинаа, а десетина се повредени откако експлозивна направа била фрлена меѓу поеститетлите на фестивал во Тајланд, јави денеска Би-Би-Си.

MK Summit

Нападот се случил ноќеска пред полноќ по локално време на саемот организиран од Црвениот крст, кој секоја година се одржува во областа Умфанг во северната провинција Так.

Двајца осомничени се во притвор, но не е покренато обвинение, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на тајландската полиција. Според полицијата, експлозивната направа бил фрлена на отворена сцена на која танцувале посетителите на фестивалот.

Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра преку објава на Х изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во бомбашкиот напад.

Таа рече дека наредила полицијата и безбедносните агенции да ги истражат причините за експлозијата и да им помогнат на настраданите. Таа нареди и зголемување на бројот на полицајци кои ќе ги надгледуваат сите фестивалски настани.