Skip to main content
Хроника

Три возила се судрија на патот Гостивар – Кичево

27/11/2024  16:21

Сообраќајна незгода која се случила околу пладне на магистралниот пат Гостивар – Кичево предизвика отежнато одвивање на сообраќајот. Според информациите на СВР Тетово за време на вршење на увидот, полицијата ги наизменично пропуштала возилата во обата правци.

Во незгодата со лесни телесни повреди се здобил возачот на патничкото мерцедес А.К од Струга, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар изјави за МИА портпаролот Реџепи.