Search

Трагедија кај Миладиновци: Скопјанец прегазен од сопствениот автомобил

Скопјанец загина во бизарна незгода, ноќеска кај Миладиновци, информирше МВР.

-Ноќеска во 1.30 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе- Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави