Search

Тимот на „Ѓаволот носи Прада“ се здружи за добротворна аукција

Четирите главни sвезди на „Ѓаволот носи Прада“ – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи – се обединија за проект за добротворни цели

Главните протагонисти на популарната комедија-драма од 2006 година се здружија повторно за аукција на која најдобриот понудувач ќе има можност да воспостави 10-минутен видеоповик преку платформата „Зум“ со нив.

Потфатот е за помош на театарската мрежа Lollipop Theatre Network.

Наддавањето ќе трае до 3 август во CharityBuzz, а на добитникот ќе му биде дозволен еден повик на „Зум“ на кој ќе бидат присутни сите четири селебрити личности.

Треба да знаете
Последни објави