Search

Тимоние: Франција се уште не донела одлука за датумот за преговори

Франција се уште не донела одлука во врска со одредување датум за преговори за членство на Македонија, изјави амбасадорот Кристијан Тимоние за „Алсат- М“. Тој вели дека Париз ги поздравува реформите, но и дека стандардите во земјата треба да бидат усогласени со тие на ЕУ.

-Ние го разгледуваме прашањето. На ова помогна и посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Париз. Француските власти имаат високо мислење за Договорот од Преспа, исто така ги поздравија и реформите што се во тек. Настојуваме на јакнење на правната држава, исто така го повторивме ставот на претседателот Макрон за Западен Балкан. Во која било одлука што треба да се донесе од другите земји членки, треба да преовладува стабилноста, просперитетот и развојот вели Тимоние.

Треба да знаете
Последни објави