Search

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата.

Како што јави МВР, тетовецот е приведен по пријава од страна на неговиот внук.

„А.И од Тетово пријавил дека во неговата куќа на улицата „Јане Сандански“ дошол неговиот чичко И.И со секира упатувајќи му закани по неговиот живот“, велат од полицијата.

При обид да биде легитимиран од полициски службеници, приведениот одбивал и ги омаловажувал полициските службеници.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави