Search

Тер Штеген го честеше Атлетико победа над Барселона

Атлетико, во Мадрид, ја победи Барселона со 1:0, во дерби мечот одигран во рамките на 10.коло, во шпанската фудбалска Ла Лига. Оваа победа е прва за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, против Барселона во Ла Лига.

Мечот го реши Јаник-Фереира Караско, со голот постигнат во последните секунди од првото полувреме. Белгиецот ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген. Германскиот голман без потреба излета далеку од својот гол, во обид да спречи долго додавање кон Караско.
Во првото полувреме двата тима имаа по две добри шанси, најпрвин Гризман за Барселона во седмата минута, а потоа Атлетико се закани преку Саул во 10.минута, неговиот удар го одбрани Тер Штеген, а во следната минута Ударот на Љоренте заврши во гредата.

Во 40 минута Меси од чиста позиција шутираше лошо, а Облак го одбрани неговиот удар.

Барселона се обиде во второто полувреме да ја стигне предноста на противникот, меѓутоа шансите што ги имаа играчите на Роналд Куман не ги искористија.

Со овој триумф, Атлетико собра 20 бода и со натпревар помалку од Реал Сосиедад „јорганџиите“ се на делба на првато место. Атлетико е единствениот тим без пораз во Ла Лига сезонава. Барселона е на 10.место со 11 бода.

Треба да знаете
Последни објави