Search

Текстилна фабрика во Ресен ново жариште на Ковид-19

Текстилна фабрика во Ресен е новото жариште на Ковид-19 , каде во последниот период се регистрирани 15 позитивни случаи, дознава nezavisen.mk

„Во фабриката има вкупно 15 позитивни случаи, дел од нив се на домашно лекување, дел се хоспитализирани. Во исто време потврдувам дека во градот Ресен во изолација се 100 лица кои што имале контакти со потврдено заразено лице со корона вирусот“, вели директорката на ЦЈЗ во Битола, Елизабета Крстева.

Во Ресен од 1 октомври заклучно со вчера од вирусот се заболени нови 38 лица. Од почетокот на кризата до денес во Ресен се разболеа 202 лица, а болеста е активна кај 38 лица. Во последниот месец Ресен брои една жртва на вирусот, вчера почина 59-годишен ресенчанец, кој што работел како таксист.

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски повика итен состанок на општинскиот кризен штаб. На состанокот беше разгледана новонастанатата ситуација и беше препорачано фабриката за текстил „Хатекс“ дополнително да не работи 10 дена.

ЈКП „Пролетер“ повторно ќе започне со дезинфекција на улиците и јавните површини.

Целиот текс прочитајте го тука

 

Треба да знаете
Последни објави