Search

Таткото си го најде синот по 20 часа барање по болниците

Таткото си го најде синот по 20 часа барање по болниците

Цела вечер талкал по ходниците на скопските болници за да дознае каде е неговиот син и дали е жив. Таткото на Селам Реџепи немаше никаква вест за неговиот син по синоќешната сообраќајна несреќа кај Карпалак. Се смирил кога на списокот на починатите не го прочитал името на синот. Денес, 20 часа по несреќата, дознал дека неговиот син е евидентиран со погрешно име и е хоспитализиран во болницата „8 Септември“, јавува телевизијата 21.

– Вчера бевме до два часот по полноќ. Никаква вест. Чекавме во ова болница и на крај ни рекоа дека до утре нема да има никаква вест. Видовме дека не е на списокот на починатите и се смиривме малку. Тој е информатичар, работи во американска фирма. Секој ден патуваше со овој автобус, веќе неколку години – изјави Селам Реџепи – родител.

Треба да знаете
Последни објави