Search

Таткото на Боки 13 призна вина за нападот на попот, кој пак го провоцирал

Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски-Боки 13, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, поради физички напад на попот Виктор Стојчев. Откако обвинителката го прочита обвинителниот акт, Јовановски пред судот се изјасни дека е виновен, објави Фокус.

-Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече Јовановски, кој се воздржа да каже се што сакаше пред судот, и неволно додаде „добро го признавам делото во целост“.

Оштетениот Стојчев пак рече дека пријавува оштетно побарување.

Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

Обвинителката во завршните зборови побара Јовановски да биде казнет според законот.

Адвокатката на Јовановски, пак, истакна дека попот Стојчев имал придонес кон немилиот настан, бидејќи упатил навредливи зборови кон синот на Јовановски, што не доликувало на професијата која ја има.

Јовановски  ја искористи можноста да каже дека првокациите од неговиот сосед Стојчев продолжувале и понатаму, па рече:

-Господинот сака многу да пишува на фејсбук. Откако е уапсен Бојан пишува дека кај мене дошла пола Влада, пола обвинителство, суд, амбасадори, рече Јовановски.

Тој сакаше да посведочи за провокациите и навредите кои наводно попот ги упатил кон неговиот син Боки 13 и тоа на големиот празник Божиќ, по што следувала физичката пресметка, но тоа право му беше ускратено поради признанието на вина, поради што не се изведуваа ниту доказите.

Свештеникот Стојчев пак по завршувањето на рочиштето изјави дека обвинителството има докази за тоа кој што направил, односно дека има видео снимки.

Адвоката на Јовановски потенцираше дека нејзиниот клиент е невработен, со лоша здравствена состојба, а бил и видно потресен бидејќи прв пат доаѓал во судир со законот.

-Од тие причини го молиме судот да ги цени сите наведени околности како олеснителни и да му изрече некоја поблага санкција, рече адвокатката на Јовановски.

Пресудата е закажана за 18 ноември 2019 година.

Според обвинението, инцидентот се случил во ноември 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило. Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници. Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира. На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

Треба да знаете
Последни објави