Skip to main content
Македонија

Таткото на Александар Ѓорчевски: Син ми беше зависник, но се излекува пред да се ожени

15/11/2024  11:15

Во Кривичен суд денеска сведочи Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања, и татко на Александар Ѓорчевски.

Зоран зборуваше за денот кога е исчезната Вања, и како се одвивала комуникацијата со семејството.

„Во постојан контакт сум со семејството. Се јавив да прашам како се. Ме известија дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав Александар на телефон да ми каже, и тој ми рече дека ја нема Вања, не стигнала во училиште. Му понудив помош некако да се вклучам“.

Дали преземавте некакви дејствија?

„Не, пензионер сум, какви дејствија да преземем“.

А, што побара Александар од вас?

„Да се јавам на мои пријатели да помогнат кој колку може. Се јавив кај деловен партнер дури и во Грција“.

Го познавате ли Гоце Трајковски?

„Да, ни сме семејно кумство. Знам дека Гоце учествувал во потрагата“.

Работеше ли Александар?

„Да, работеше, со прекини од 2-3 месеци, беше во Фершпед, Кометал, па повоторно Фершпед. Кога се случи ова, не работеше никаде, се издржуваше со пензијата на мајка му, мојата пензија, помагавме…

Потоа беше прашан дали Александар имал долгови и зависност.

„Немаше долгови. Имаше зависност, но се излекува па стапи во брак. Немаше никакви проблеми, вообичаени во младоста, се излечи, па се ожени“, рече Зоран Ѓорчевски, кој кажа дека не се познава со Љупчо Палевски.

И мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска рече дека синот бил зависник од дрога, но дека тоа било успешно завршено.