Search

Таравари до жителите на Ласкарци: Ни одржавте лекција на хуманост и солидарност

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска го посети селото Ласкарци и им се заблагодари на жителите кои несебично учествуваа во спасувањето на повредените во сообраќајната несреќа што се случи пред десетина дена.

– Луѓето од Ласкарци се најголемите херои таа вечер. Тие дадоа најголем придонес за спасување на 38-те луѓе. Дојдов да им се заблагодарам од се срце на овие чесни луѓе кои ни одржаа лекција на хуманост и солидарност, изјави Таравари.

Тој им вети помош на жителите и побара од надлежните органи да ги откријат причините што доведоа до сообраќајната несреќа во која загинаа 15 лица, а 38 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави