Search

Талибанците се заканија на наставниците и учениците пред претседателските избори

Талибанските бунтовници во Авганистан денеска ги предупредија наставниците, учениците и другите образовни работници да ги пропуштат претстојните претседателски избори за да избегнат напади врз гласачките места.

– Не дозволувајте изборните организатори да ги претворат вашите училишта и институции во избирачки места, а учителите и студентите не треба да бидат во изборните комисии. Не сакаме да предизвикаме смрт и финансиски загуби на цивили, наставници и ученици, се наведува во соопштение што го објавија талибанците.

Авганистан ќе ги одржи четвртите претседателски избори за десет дена. Бунтовниците ветија дека насилно ќе ги попречат изборите, откако американските мировни преговори со милитантите не успеаја.

– Училиштата и универзитетите го сочинуваат мнозинството изборни места низ целата земја. Иако учениците, студентите и наставниците не можат да работат на избирачките одбори, тие можат да волонтираат, рече портпаролот на авганистанската изборна комисија Абдул Азиз Ибрахими.

Треба да знаете
Последни објави