Search

Страшна сообраќајна несреќа во Србија, пожарникари извлекуваат луѓе од камиони

Страшна сообраќајна несреќа во Србија, пожарникари извлекуваат луѓе од камиони

Доцна вечерва во Србија на автопатот Нови Сад – Суботица се случила сообраќајна несреќа, пренесуваат тамошните медиуми. Во несреќата се судриле два  камиони.

На местото на несреќата има голем број пожарникари кои се обидуваат да ги извлечат возачите на камионите. На местото на несреќата забележано е и големо полициско присуство, а има и екипи на Итната медицинска помош.

Здравствената состојбата на возачите засега е непозната. Според очевидци сообраќајот на автопатот се одвива по една лента. Како што посочија очевидците камиони кои се судриле превезувале дрва.

Треба да знаете
Последни објави