Search

Стојаноска од Тетово: Она што сите треба да не обедини е определбата за повеќе пари и подобар живот за сите

Денес Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 од Тетово порача дека со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе се имплементираат и двете од шест стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа е одржување на добри меѓуетнички односи и унапредување на животната средина.

„Денес заедно со кандидатите за пратеници Фуркан, Ајдоган, Анита и Валентина ја посетивме Шарена Џамија покрај самата река Пена. Шарената Џамија и река Пена се едни од најубавите и најзначајните обележја на градот Тетово. Денес тие не потсетуваат и опоменуваат дека покрај тоа што се наша гордост, треба да бидат и наша обврска“, истакна Стојаноска.

Стојаноска ги потенцираше две од шесте стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, за период 2020-2024 година, а тоа се одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, и секако еднаквост на сите пред законите. А, второ е заштита и унапредување на животната средина.

„Ние се обврзуваме дека Македонија ќе ја исправиме“, порача Стојаноска.

Треба да знаете
Последни објави