Search

Стоилковски: Апсолутно се потребни предвремени избори

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски смета дека состојбата со датумот за преговори е доказ дека треба даима предвремени избори, откако премиерот Зоран Заев од Австрија најави дека можното недобивање на датум  ќе ја наруши владата во Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ одамна бара предвремени парламентарни избори, и тоа сегашната состојба поврзана со датумот за почеток на преговори со ЕУ апсолутно е само доказ дека треба што поскоро да се одржат предвремени парламентарни  избори  само затоа што  државата е заложник  на кланот Заеви, на кланот на политичари  коишто извршуваат јавни функции, а притоа зад себе имаат скандали поврзани со  лукративност и со висока корупција и криминал. Апсолутно оваа власт не е способна за спроведување на реформи, апсолутно оваа власт ја крахираше економијата во Република Македонија. Апсолутно се потребни предвремени избори за да дојде една влада којшто ќе има кредибилитет за да може да ја поведе државата кон реформи и кон навистина подобар живот на граѓаните, рече Стоилковски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави