Search

Стефанова сведочи за „Рекет“

Ирена Фрчкоска aдвокатката на Катица Јанева е присутна во судницата и денеска по две одлагања конечно ќе продолжи судскиот предмет за „Рекет“ откако два пати без одлагани рочиштата поради неприсуството на одбраната на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.

Стефанова рече дека не е во добри односи со Катица Јанева и оти предметот „Империја“  го започнале од прислушуваните разговори и од други докази. Во нив имало експлицитни разговори од Јордан Камчев и од други лица.

Таа истакна дека Камчев имал двојно државјанство и големо влијние кај сведоците, а Цветан Панделевски, пак, имал лична карта од Грција. Поради тоа, за нив и за уште неколку лица била предложена мерка притвор.

Но, осомничените секој пат успавале да дознаат за чекорите што СЈО ги презема. Дури и кога се вршел претрес во домот на Камчев тој и сопругата ги пречекале подготвени, а таму бил и Зоран Милевски Кичеец.

Треба да знаете
Последни објави