Search

Стаменковска: Пропусти во постапките за вработување од страна на институциите

Дополнителениот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски денеска по средба со раководството на Агенцијата за администрација рече дека се констатирани пропусти во постапките за вработување од страна на институциите.

На средбата со директорот и заменик директорот на Агенцијата за администрација разговарале за објавувањето огласи за вработување на административните службеници, организација на постапките за нивна селекција, постапувањето по жалби и приговори на административни службеници во втор степен, спроведувањето испит за административни службеници и испит за административно управување, водењето евиденција на кандидатите кои доставиле лажни докази во пријавите за вработување, законските надлежности да формира комисија за ревизија во постапката за селекција на административни службеници и за постапките за унапредување.

– За сите теми што ги отворивме заедно со директорот и со заменик-директорот констатиравме дека има низа пропусти коишто се направени во најголем дел од страна на институциите што ја започнале оваа постапка. Во изминатиов период до мене пристигнаа многу преставки токму за ова незаконско и непрофесионално постапување по сите основи и овие основи коишто веќе ги наведов, како и тоа дека има премногу малтретирање на работници и распределување на повеќе од 150 километри од работното место што го имале претходно од местото на живеење, иако тоа е недозволиво согласно со Законот. Исто така, констатиравме дека заедно со Агенцијата за администрација ќе поведеме уште повеќе постапки до Државниот управен инспекторат, рече Стаменковска Стојковски.

Таа најави дека до Државниот  управен инспекторат ќе поднесе претставки за случајот со вработување на лица во Општина Ѓорче Петров, а кои, како што тврди, биле познати пред постапката за вработување, како и за именувања на лица во подрачните центри за социјална работа и на раководители на подрачните служби на Агенцијата за вработување.

Во однос на вработувањата во Општина Ѓорче Петров за кои кои информираа пред еден месец, како што рече, иако СДСМ демантирале, вчера излегла одлуката за нивен избор и се потврдило дека станува збор за нив.

Како што потенцираше Стаменковска Стојковски, Агенцијата за администрација е од стратешко значење за реформата на јавната администрација и за регрутирање на стручна и компетентна администрација. – Нејзината функција е да испорачува професионални услуги за граѓаните, административните службеници и институциите во јавниот сектор. Преку организација на постапките за селекција на кандидати за административни службеници, спроведување на испитот за административно управување, за остварување на правната заштита на административните службеници во втор степен. Агенцијата за администрација треба да овозможи развој и одржливост на професионално и сервисно ориентирана администрација и квалитетна правна заштита за правата на административните службеници во втор степен, наведе дополнителниот министер за информатичко општество и администрација.

Треба да знаете
Последни објави