Метео анализа на Славчо Попоски:
Во Македонија под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела ќе се задржи стабилно, суво, сончево и претежно тивко време, повремено со мала до умерена локална облачност.
Во утринските часови и понатаму ќе биде релативно студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини и речни долини.
Во Скопје и околината, исто така продолжува периодот на стабилно, суво, сончево и претежно тивко време со појава на утринска магла или ниска облачност.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 23 степени,
Уживајте во преубавото сончево и стабилно време, со пријатни температури преку ден, кои ќе бидат натпросечно високи.