Search

Средба Шахпаска-Бертолини: Усвојувањето на темелните вредности на ЕУ во земјава е наш приоритет, заеднички ќе работиме на поголема искористеност на ИПА Фондовите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  денеска се сретна со раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје,  Никола Бертолини и неговиот тим.

На средбата се разговараше за напредокот кој  нашата држава го постигна изминатиот период, помошта која ја добива од ЕУ односно достапноста на ИПА Фондовите и нивната искористеност, чекорите кон остварувањето на нашата стратешка цел како држава, интеграцијата во Европската Унија.

„За нас како држава многу е значајно на патот кон ЕУ, да ги изградиме темелните вредности на кои се базира Европската Унија , како што се владеење на правото, слободно судство, слободни медиуми, борбата против корупцијата и криминалот, еднаквост и човекови права и слободи.

Преку целосното имплементирање на законодавство на ЕУ во националното законодавство, земјата практично ќе ги усвои темелните европски стандарди, што суштински ќе значи практична применана европските стандарди.

Свесни сме дека овој процес  е долг и сложен, но истовремено  овозможува  како идна држава членка да ги завршиме сите неопходни внатрешни реформи пред реалното пристапување  во ЕУ“, истакна Шахпаска.

Министерката Шахпаска ги презентираше актуелните работи на кои сега работи Министерството за труд и социјална политика , а тоа се новиот Закон за работни односи, на кои работат сите засегнати чинители преку квалитетен социјален дијалог, Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура и Законот за родово базирано  и секаков друг вид на насилство врз жената.

Бертолини посочи дека земјава има голема поддршка во пристапните преговори, соработка на полето на социјалната и детската заштита,  работните односи, поддршка на внатрешните реформи и достапност на ИПА Фондовите и нивна поголема искористеност.

Тој нагласи дека Делегацијата на ЕУ во Скопје тесно соработува со Министерството за труд и социјална политика и оцени дека во наредниот период неопходна е интензивна и суштинска работа, особено во делот на зголемена искористенот на ИПА Фондововите наменети за нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави