Search

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Канада Кетлин Чаба

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија оствари средба со амбасадорката на Канада во заминување, Н.Е. Кетлин Чаба, со придружна делегација од Амбасадата на Канада, со седиште во Белград.

На средбата, меѓу другото, беше потврдена меѓусебната поддршка при справувањето со пандемијата Ковид-19. Притоа, канадската амбасадорка изрази благодарност на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за поддршката околу враќањето на канадските државјани во својата матична земја во екот на пандемијата.

Двајцата соговорници разменија мислења за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, при што беше посочено дека и во иднина ќе се работи на продлабочување на соработката, а со идниот амбасадор ќе се разгледаат и можностите за безбедносна соработка, како сојузници во НАТО алијансата.

Треба да знаете
Последни објави