Search

Средба на државниот секретар Димовски со Сташек, државен секретар во МНР на Чешка

На 22 мај 2019 година, во посета на Република Северна Македонија престојуваше државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Милослав Сташек, кој оствари средба со својот домаќин, државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

За време на средбата, државните секретари Димовски и Сташек ги потенцираа одличните билатерални односи кои во континуитет ги негуваат двете пријателски земји. Се согласија дека во прилог на таквата констатација оди и динамичниот политички дијалог, како и редовните посети на највисоките функционери на двете земји, кои особено добија на интензитет во последните неколку години.

Соговорниците се осврнаа и на можностите за продлабочување на заедничката соработка во делот на евроинтегративните процеси, како и за зајакнување на соработката помеѓу Министерствата за надворешни работи и Дипломатските академии на двете земји, што е дефинирано и со постоечкиот Меморандум за соработка на двете МНР, потпишан во месец март оваа година.

Треба да знаете
Последни објави