Search

Спор меѓу црквата и Рим: Кому му припаѓаат парите од познатата фонтана?

Меѓу римската градоначалничка и Католичката црква во овој град, настана спор поради металните парички кои се собираат од светски познатата фонтана ди Треви.

Имено, од оваа околу триста години стара фонтана, која годишно ја посетуваат милиони туристи и во неа фрлаат по некоја монета, за 12 месеци во просек се собираат по околу 1,5 милиони евра.

Досега овие пари традиционално ги добиваше црквата која преку донации ги распределуваше за сиромашните и на оние кои им се најмногу потребни. Но, сега, градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги, сака овие пари да ги троши за обнова и подобрување на градската инфраструктура. Црквата, пак, педупредува дека во таков случај сиромашните луѓе ќе станат уште посиромашни.

„Не предвидовме ваква загуба“, изјави свештеникот Бенони Амбарус. „И натаму се надевам дека оваа одлука не е конечна“, додаде тој.

Неодамна, медиуми блиски до црковните редови објавија остри статии со наслов „Парите се земаат од најсиромашните“. Но, градските советници дадоа зелено светло за одлуката на градоначалничката, која треба да почне да се применува од април.

Сепак, многу Италијанци, како што пренесува агенцијата „Анса“, бараат од општествено одговорните медиуми да извршат притисок врз Градскиот совет повторно да размисли за ваквата одлука.

Инаку, Вирџинија Раги застана на чело на Рим во 2016 година, но нејзината популарност се повеќе паѓа.

Традицијата на фрлање монети во фонтаната ди Треви беше популаризирана со романтична комедија од 1954 година „Три монети во фонтаната“ со Френк Синатра. Се верува дека туристите кои ќе фрлат паричка во оваа фонтана, повторно ќе се вратат во Рим.

Треба да знаете
Последни објави