Search

Спасовски: Процесот на преговори со ЕУ несомнено ќе го забрза реформскиот процес во сите сфери

Вечерва се обратив на Политичка академија за социјална демократија, организирана од Прогрес Институт за социјална демократија со поддршка на Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска и Меѓународниот Центар „Олоф Палме“ од Шведска напиша Спасовски.

Разговаравме за македонските безбедносни перспективи произлезени од евроинтеграциските процеси: За имплементацијата на европските стандарди во областите кои се опфатени во Поглавјето 24. Правда, слобода и безбедност, а кои ќе обезбедат спроведување на неселективна борба против сите облици на организираниот криминал; илегална миграција и криумчарење на мигранти; сајбер закани; меѓународната соработка – со земјите од регионот, со агенциите на ЕУ (во прв ред Frontex, Europol, EASO), на ООН (IOM, UNHCR), како и релевантни меѓународни организации (OSCE, ICMPD, DCAF, итн); Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (FRONTEX).

Процесот на преговори со ЕУ несомнено ќе го забрза реформскиот процес во сите сфери на нашето работење, но истовремено ќе отвори и подобри можности, услови за живот за нашите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави