Search

Спасовски ги повика постарите граѓани да седат дома

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција повтори дека воведувањето на вонредната состојба не значи ограничување на движењето на граѓаните, но апелираше повоззрасните да останат дома и ако нешто им треба да побараат помош од општините или од Црвениот Крст.

-Денеска неколку часа по прогласување на вонредна состојба, одлуката која по предлог на владата ја донесе претседателот, ние сме сплотени и стоиме исправени пред овој предизвик. Оваа одлука е вистинската мерка, која ќе помогне за грижата на јавното здравје и грижата на граѓаните. Како влада ги превземаме сите мерки. Одлуките кои ги носиме се во насока колку помалку штети во економијата и стопанството. Имаат за цел да обезбедат одржливост на работата на компаниите, и да се задржат работните места и животниот стандард. Ваквите одлуки сега ќе може полесно да се носат, нормално во комуникација со сите субјекти. Ќе ја совладаме оваа состојба на најдобар можен начин, користејќи ги сите ресурси. Затоа е потребно да се однесуваме одговорно, почитувајќи ги мерките и препораките. Во услови на вонредна состојба, ќе покажеме дека дисциплинирано, сериозност секој од нас и сите граѓани, секој одделно сме посветени на исполнување на своите обврски за општо добро, и доброто на нашите деца, рече Спасовски.

Министерот појасни дека вонредната состојба која трае 30 дена не значи дека ќе замре животот на граѓаните и дека правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам.

-Се продолжува да функционира исто како и вчера и нема нови рестрикции. Исклучок се само Дебар И Центар Жупа кои се жаришта на вирусот и таму има кризна состојба. Остануваат мерките за јавни собири и собирање во објекти во затворено. Јавноста за се што е ново ќе биде информирана на дневна основа. Упатувам порака до највозрасните, родителите, бабите и дедовците останете дома. Ако имате потреба обратете се во општината и во Црвениот Крст. Лицата кои ќе почувствуваат и најмали симптоми да се јават веднаш на телефонските линии на Центарот за јавно здравје. Не отстапуваме ниту педа да работиме за добро здравје на сите нас. Вонредната состојба значи само олеснување на состојбата и можност за носење сериозни одлуки, појасни Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави