Search

Со специјален лет Словенците ќе се враќаат од Шпанија

– Министерството за надворешни работи на Словенија објави дека во четврток со специјален лет ќе се вратат граѓаните кои се наоѓаат заглавени во Шпанија.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, на 26 март, после повеќе обиди и дипломатски напори, Словенците кои со денови се заглавени во Шпанија ќе можат да се вратат дома.

Преку медиумите се повикуваат граѓаните, доколку имаат некој што го познаваат, а се наоѓа во Шпанија и сака да се врати дома, да му ја пренесат информацијата за специјалниот лет.

Вакви слични летови државата организираше и изминатите денови при што повеќе Словенци кои беа на различни дестинации можеа да се вратат дома.

Треба да знаете
Последни објави