Search

Со кои пари синот на Иванов купува два стана на Водно?

Со кои пари синот на Иванов купува два стана на Водно?

Деновиве, актуелно во јавноста е семејството Иванови, на чие конто легнаа два стана во елитната населба Водно.

Становите во Катастар се запишани на име на синот на претседателот Ѓорѓи Иванов. Зградата каде што се наоѓаат становите е при крај, што значи семејството на претседателот може да се всели за неколку месеци и временски се поклопува со завршувањето на претседателскиот мандат.

Поголемиот стан е на вториот кат и е со големина од 131 метар квадратен, додека другиот е 91 метар квадратен и се наоѓа најгоре, на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град.

stanovi_ivanov

Она што најмногу ја интересира пошироката јавност е од каде му пари на синот на Иванов да си купи два големи стана во најелитен дел од главниот град. Со што се занимава младиот Иванов, колку време работи, колкави му се месечните приходи?

Доколку пак, родителите Ѓорѓи и Маја му помогнале или целосно му ги купиле, исто така граѓаните мора да знаат, бидејки Иванов не е било кој, туку претседател на држава, дали имаат подигнато кредит или од плата имаат заштедено 250.000 евра колку од прилика се движи продажната цена на таа квадратура во тој дел од градот.

И додека, семејството на претседателот молчи, Антикорупциска најави дека ќе врши проверка на имотната состојба на Ѓорѓи Иванов.

Денеска и од владејачката партија на прес конференција побараа одговори токму за овој случај. Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен? Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит? – праша портпаролот на СДСМ, Костадинов.

Инаку, највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ во минатото секогаш пред да заминат од власт си се обезбедувале со по неколку станови. Така беше случајот со Никола Груевски и неговата мајка Надежда, на чие име беа впишани неколку станови на ден по “Карпалак”, 2001г, така и сега со актуелниот претседател, кој беше два пати кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов а кој е на крај на својот мандат.

Извор: iportal.mk

 

Треба да знаете
Последни објави