Search

Софија бара реакција против ФБ групата „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“

Софија ја цени брзата акција на властите во Скопје против провокациите, му било кажано на привремениот шеф на македонската амбасада во Софија вчера на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи, објавија тамошните медиуми.

На средбата, бугарската страна соопштила дека ја цени брзата акција на властите во Скопје во случајот со палењето на бугарското знаме и за манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи против членовите на бугарската влада, меѓу кои и санкционирањето на новинарот Зоран Иванов.  За време на средбата било изразено и очекување на реакција во однос на податоците дистрибуирани на Фејсбук за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија и повиците за пресметка со нив.

Како што посочуваат бугарските медиуми, станува збор за групата на Фејсбук „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“, во која се пласираат навреди и говор на омраза кон Бугарите, „повици за физичко насилство кон бугарофилите и за напаѓање на бугарските туристи во Македонија“, како и објавен список за плукање по „истакнати македонски бугараши“.

„Оваа ФБ група докажува дека правилно сме им ја покажале вратата“. „Го заслужуваат ветото. Овие луѓе не са зрели за ЕУ“, се дел од коментарите во бугарски медиуми.

За атмосферата што завладеа по бугарското вето сведочат и голем дел од коментарите кои содржат навреди и говор на омраза кон Македонците, но има и дел кои се критични кон бугарските власти и кон недоличните коментари во тамошната јавност.

Треба да знаете
Последни објави