Search

Сорос за пандемијата: Не можам да верувам колку е неподготвен светот, ова е криза на животот

Американскиот инвеститор Џорџ Сорос ја коментираше пандемијата на коронавирус, нарекувајќи ја криза на животот.

Во интервју за ЕЦФР, тој рече дека не може да верува колку е неподготвен светот за пандемија.

„Ова е криза на мојот живот. Дури и пред пандемијата сфатив дека сме во револуционерен момент во кој она што би било невозможно или незамисливо во нормални времиња, стана не само возможно туку и апсолутно неопходно. И потоа дојде ковид-19 кој тотално ги наруши животите на луѓето и бараше значително различно однесување. Тоа е единствен настан што веројатно никогаш не се случил во оваа комбинација и навистина го загрозува опстанокот на нашата цивилизација“, вели Сорос.

Тој изјави дека пандемиите биле вообичаени во 19 век и е изненаден што не научивме ништо од тоа.

„Милиони луѓе умреа поради пандемија, а имавме и голем број други сериозни епидемии. За мене е неверојатно колку земјите биле неподготвени за вакво нешто“, рече Сорос.

Тој е убеден дека кризата ќе доведе до промена на капитализмот.

„Нема да се вратиме таму каде што бевме кога започна пандемијата. Тоа сигурно. Но, тоа е единственото нешто што е сигурно – не мислам дека некој знае како ќе се развива капитализмот“, рече тој.

Тој верува дека ќе биде потребно долго време за развој на вакцина.

„Дури и откако ќе развиеме вакцина, ќе мора да научиме како да ја менуваме секоја година, затоа што најверојатно ќе се промени вирусот. Тоа го правиме со грипот секоја година“, рече Сорос за ЕЦФР.

Треба да знаете
Последни објави