Search

Совет на амбасадори: Ратификацијата на протоколот во Шпанија високо морален чин

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори – Скопје, како политички одговорен и високо морален чин, ги поздравува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО на нашата земја во шпанскиот Парламент и по итна постапка потпишаниот указ од страна на шпанскиот суверен.

Советот на амбасадори, во соопштение до јавноста, посочува дека посебно го вреднува фактот дека пријателска Шпанија и на ваков начин ја демонстрира својата целосна подршка за полноправно членство на нашата земја во евроатлантските структури, во овие исклучително сложени услови низ кои минува и оваа земја, како и многу други држави во Европа и во светот, погодени од дејството на корона вирусот.

Советот на амбасадори, се додава, упатува поддршка и до институциите на системот во нашата земја за што поуспешно справување со истата криза со која се соочуваме и ние.

– Советот и неговоите членови, на државните институции им ги ставаат на располагање, своето значајно меѓународно искуство и стручност, доколку постои потреба за некаков вид вклучување на нашето граѓанско здружение во одредени активности врзани особено во комуникацијата со македонските граѓани во странство, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави