Search

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја замајуваат јавноста дека ќе се купуваат џипови за ЈП Дрисла

„Не е точно дека за јавното претпријатие Дрисла ќе се купуваат три џипа, вели Коста Начевски директорот на депонијата по соопштението кое го лиферуваше во јавноста советничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Според првиот човек на ЈП Дрисла со ваквиот настап на опозиционерите само се замајува јавноста, а вистината и потребата на депонијата е сосема поинаква.

-Ќе бидат купени класични теренски возила и тоа исклучиво за потребите на депонијата која се протега на 80 хектари површина. Станува збор за исклучително тежок терен за контрола. Затоа се неопходни овие класични теренски возила. Едно ќе и им биде ставено на располагање на  вработените во лабораторијата за испитување на водите.Локацијата каде се третираат депониските отпадни води е оддалечена два километри од административната зграда, а до таму се стигнува по исклучително лош земјен пат. Другото возило ќе биде наменето за обезбедувањето, а евентуално  трето набавеното теренско возило ќе се користи кога доаѓаат гости во контрола на депонијата, како Градот Скопје, Европската унија, Државниот инспекторат за животна средина… Нема да дозволиме да се загрози безбедноста, вели Начевски.

Во изминатиов период од околу четири месеци откако Градот Скопје ја врати под своја „капа“ депонијата Дрисла, исчистени се сите канали за дренажа на атмосферските води кои не биле третирани најмалку десетина година.

Првобитно од ЈП планирано било да се набават два камиони, но со домаќинска математика и скенирање на постоечката механизација одлучено е да се поправат и стават во функција постојните камиони како и механизацијата која ја имаат на располагање.Повеќе нема да се изнајмуваат вакви возила за потребите на депонијата и ќе се направи голема заштеда за претпријатието.

-Ќе набавиме три комбиња за медицински отпад, бидејќи  со инсталириањето на новиот автоклаф  (стерилизатор) се зголемува капацитетот за преработка на медицинскиот отпад- додава Начевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави