Search

Службеник на њујоршката полиција обвинет за шпионажа во корист на Кина

Службеник во њујоршката Полициска управа  е обвинет за шпионажа во корист на Кина и за други прекршоци, соопшти Министерството за правда на САД. „Бајмадаџи Ангуанг (33) е уапсен во текот на денот и подоцна треба да се појави пред Федералниот суд во Бруклин”, се наведува во соопштението на американското Министерство за правда.

Британските медиуми наведуваат дека на Ангуанг на товар му се става дека ги информирал официјалните лица во кинескиот конзулат за активностите на кинеските граѓани во Њујорк и дека им пристапил на потенцијалните извори на разузнавачки служби за кинеската Влада во рамките на тибетанската заедница во Њујорк и пошироко.

Треба да знаете
Последни објави