Search

Словенија ја ажурираше листата: Македонија останува во „црвената зона“

Македонија и понатаму останува на црвената листа на Словенија, што значи задолжителен карантин од 14 дена по пристигнување во земјата, објави денеска Владата на Словенија.

Црвената листа вклучува 16 земји-членки на ЕУ и Шенген, со само административни единици со лоша епидемиолошка слика и 114 трети земји кај кои има лоша дистрибуција на инфекции.

Србија денеска е тргната од жолтата листа и преместена во зелената листа, што значи влез во Словенија без никакви ограничувања. Делови од Хрватска кои се граничат со Словенија се ставени на црвената листа.

Треба да знаете
Последни објави