Search

Словенечката полиција предупредува на високи казни за посета на туристичките места

Словенечката полиција соопшти дека претстојниот викенд ќе има засилено присуство во туристичките центри низ државата, со цел да ги спречи граѓаните да го прекршуваат ограничувањето на движењето, наметнато со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа реакција на Министерството за внатрешни работи е по искуството од минатиот викенд, кога граѓаните масовно отидоа во туристичките центри и крајбрежните градови и на тој начин ги прекршија ограничувањата на движењето.

– Се работи за ограничувања кои се непријатни за луѓето, посебно во првите денови на пролетта, кога сите сакаат да се дружат и да одат на прошетка во природа, но оваа мерка е само за ваше добро – се наведува во соопштението на полицијата.

Надлежните информираат дека сите оние кои нема да го почитуваат ограничувањето ќе бидат најстрого казнети.

Треба да знаете
Последни објави