Search

Сител: Утре нови докази од кои приказната ќе биде појасна од италијанскиот новинар

Сител: Утре нови докази од кои приказната ќе биде појасна од италијанскиот новинар

Нови детали за случајот „ Рекет “ утре ќе бидат објавени во италијанскиот весник Лаверита.

По видео и аудио снимата , следи ново продолжение по што се ќе биде појасно изјави за Сител авторот на статијата Ларис Гајсер . Стапивме во контакт со Гајсер во обид да дознаеме повеќе за тоа од каде ја добил снимката и какви други детали поседува за случајот „ Рекет“.  Гајсер не открива со што ќе ја шокира публиката и ни најави екслузивна изјава откако ќе ја заврши сторијата.

„ Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно. Откако ќе ја завршам сторијата, целосно ќе ви бидам на  располагање во следните денови. Благодарам на разбирањето. Ваш Ларис.“

Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Екслузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.

Екслузивата тој ја најавил вчера попладне со фотографија на која пишува „ Writing Balkan’s history…new “thunderstorms” on the horizon „ Се пишува историја на Балканот… нови „ громови “ на хоризонтот.

Ларис Гаисер објави статија со видео и аудио сника во миланскиот весник на кое се гледа како осомничените Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец земаат пари од бизнисменот Јордан Камчев.

Авторот на текстот во италијанскиот весник Лаверита    потекнува од Птуј Словенија и е геополитички аналитичар кој дипломирал на правниот факултет во Верона а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Магистрирал меѓународни односи во дипломатија на Институт во Милано. Ларис Гаисер е менаџер и економски консултант.  Неговата ориентација е реал политиката и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Бил советник во словенечкото МНР, раководел со финансиите на Евро медитеранскиот универзитет ЕМУНИ а во 2015 бил избран во претседателството на Паневропсската унија во Стразбур.

Извор: Сител

Треба да знаете
Последни објави