Search

Синг: Кинески војници навлегоа во спорниот граничен дел со Индија

Кинески трупи навлегоа во спорниот дел на хималајската граница помеѓу Кина и Индија, изјави денеска индискиот министер за одбрана Раџант Синг.

– Тие тврдат дека тоа е нивна територија. Ние тврдиме дека тоа е наше подрачје. Дојде до несогласување околу тоа… Индија направи се што требаше да се направи, посочи Синг.

Тој додаде дека разговорите на високо ниво помеѓу двете земји ќе се одржат в сабота.

– Не сакаме ниту една земја да се поклонува пред нас и ние нема да се поклонуваме пред која било земја, истакна Синг.

Индија и Кина делат една од најдолгите копнени граници во светот. Тие во 1962 година водеа погранична војна на Хималаи и оттогаш билатерални односи повремено се тензични.

Треба да знаете
Последни објави