Search

Силјановска победи во Скопје со 664 гласа разлика, најмногу освоила во Аеродром, Пендаровски во Карпош

Претседателскиот кандидат подржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска во првиот круг оствари победа во Скопје со разлика од 664 гласа повеќе од заедничкиот кандидат на владеачката коалиција, Стево Пендаровски.

И двајцата кандидати победиле во по пет од десетте скопски општини, но повеќе гласови заминале на контото на Силјановска.

За неа најмногу гласале во Аеродром-16.460, а најмалку во Сарај-379, додека Пендаровски освоил најмногу гласови во Карпош-14.039, а најмалку гласови 2.351 во Шуто Оризари.

Од друга страна, убедлива победа Силјановска остварила во Гази Баба каде разликата е 6.446 гласа, а Пендаровски најголема разлика направил во Чаир-5.256 гласа.

Треба да знаете
Последни објави