Search

Се подготвуваат масовни протести во Каталонија пред „Ел Класико”

Каталонската платформа „Демократско цунами” денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу”, каде ќе се игра најголемото шпанско фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Во соопштението, Демократско цунами нагаласува дека повеќе од 18.000 луѓе веќе го потврдиле своето учество преку социјалните мрежи. Платформата ги покани демонстрантите на четири места околу стадионот во 16 часот, само четири часа пред да започне натпреварот. Не откри детали за најавената акција.

Во октомври, Демократско цунами собра 25.000 демонстранти на меѓународниот аеродром „Ел Прат”, каде се судрија со полицијата додека се обидоа да го блокираат аеродромот и да го прекинат воздушниот сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави