Search

Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека Бугарија се уште има територијални претензии кон Македонија.

Села додава дека политичките случувања во регионот, под печатот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.

-Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија, вели Зијадин Села за ТВ21.

Села вели дека загриженост предизвикуваат и училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ и обратно, лагите кои ги изучуваат учениците Албанци.

-Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним, додава Села.

Тој исто така рече дека спорот Скопје-Софија, во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.

Треба да знаете
Последни објави