Search

Седумгодишниот обожавател на Меси стана мета на Талибанците

Со славата тешко може да се справи секое дете, но особено му е тешко на седумгодишниот Муртаза Ахмади, чија популарност стана опасност за неговиот живот во Авганистан. Младиот обожавател на фудбалерот Меси е мета на Талибанците во неговата родна земја.

Во јануари 2016 година, фотографијата на малиот Муртаза Ахмади стана позната ширум светто, благодарение на неговата импровизирана верзија на фудбалскиот дрес на својот идол Аргентинецот Лионел Меси. Со дресот направен од пластична кеса со сино – бели шари, на кое со пенкало беше испишано името на Меси и неговиот број, детето заработи две дреса со автограми, потпишана фудбалска топка и средба со фудбалерерот милионер 11 месеци подоцна.

Денес, многу луѓе сега можат да го препознаат Ахмади – но тој е во бегство, посакувајќи никогаш да не се случела неговата слава.

Проблемите на Ахмади започнаа откако тој го запозна својот херој во кратката посета на Катар. Неговата мајка, Шафика, раскажува за медиумите дека семејството нема мир, бидејќи не само Талибанците, туку и други групи мислат дека Меси му дал пари на детето, по што тоа станало нивна постојана мета.

Ахмади вели дека ѝ рекол на мајка си да го однесе на друго место. На крајот таткото на Ахмади помогнал да избегаат во блискиот град Бамјан.
,,Тогаш за последне пат го видов татко ми. Тој се врати назад и оттогаш не сум го видел, многу ми недостасува”, раскажува седумгодишното дете.

Но, стравувањата на семејствоот не се намалени. Неговата мајка се уште не се чувствува безбедно и се плаши дека некој би можел да го киднапира нејзиниот син, поради неговите врски со фудбалерот милионер.

 

Треба да знаете
Последни објави