Search

СДСМ: Сите пратеници да застанат на страната на правдата, Законот за ЈО е темел за силно, независно судство

Денеска во Собранието е Законот за јавно обвинителство кој е темел за вистинска, неселективна правда и правосудството.
Пратениците на СДСМ и коалицијата се на страната на правдата, на страната на владеењето на правото, силна правна држава и независно судство.
Од друга страна е извршителот Христијан Мицкоски кој по налог на неговиот шеф, Никола Груевски, се обидува да го заштити криминалот на режимот и да ја попречи правдата.

Но мисијата на извршителот Мицкоски да го спаси од одговорност Груевски и неговите пајташи од ВМРО-ДПМНЕ нема да успее.
Пратениците да бидат одговорни, да се стават на страната на правната држава и да го поддржат Законот за јавно обвинителство, зад кој застанаа и пријателите на нашата земја, ЕУ и САД.
Со законот за Јавно обвинителство се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.
Аудио материјалите остануваат докази во случаите на СЈО покренати до 30.06.2017 година како што беше предвидено со самото основање на СЈО.
Нема да има скриена амнестија за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.
Усвојувањето на Законот значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ.
Обврска на сите пратеници е да обезбедат целосно владеење на правото и силно независно судство.
Продолжуваме напред, нема враќање назад!

Треба да знаете
Последни објави