Search

СДСМ се фали со браната Речани, проект почнат од претходната власт, тие реализираа само рекет, криминал и корупција

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

 

Љупчо Николовски и Зоран Заев во недостаток на свои проекти во овие три години власт се фалат со проекти кои ги отпочнала власта на ВМРО-ДПМНЕ. Браната Речани во кочанскиот регион е отпочната уште во 2015-та година кога беше почната тендерската постапка, по што беше избран изведувач и беше отпочната изградбата.

Овој капитален проект без срам Заев се обидува да си го припише на себе, бидејќи во овие три години власт не успеа да реализира ништо друго освен криминал, корупција и рекет.

Тоа што го ветуваа во 2016-година остана само една голема лага. Ветуваа гасификација до крајот на мандатот, ветуваа 600 километри автопат, ветуваа двојно поголема плата на сите здравствени работници, 100 илјади денари плата на лекарите, минимална плата од 16 илјади денари, приходи во секое семејство од најмалку 1000 евра и редица други лаги кои сега ги надградиле и пак се обидуваат да го прелажат народот.

СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави