Search

СДСМ: Секојдневно се потврдува лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневно се потврдува лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на пратеничката Нола Исмајлоска дека услов за да биде на пратеничката листа било да поддржи промена на името го потврдуваат неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавата на пратеничката Даниела Рангелова дека и било кажано дека може да гласа на референдумот, за потоа да биде етикетирана како предавничка е доказ за антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите изјави на пратенички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат лицемерието и лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски. Се потврди уште еднаш дека единствена понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е лицемерие, лажен патриотизам и делување против интересите на државата и граѓаните.
Тоа е истата стара матрица на Груевски, едно зборуваат јавноста друго во реалноста. За тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на изборите на 12 април.
Граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе потврдат дека државата е на прав пат.

Треба да знаете
Последни објави