Search

СДСМ: Мицкоски да одговори каква корист има од фирмата на неговиот баџанак

Мицкоски се крие и и не дава одговори каква е неговата корист од фирмата на неговиот баџанак отворена во Бугарија за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, реагирајќи на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде претходно обвинија дека Заеви имале три фирми во Бугарија кои се водат на иста адреса.

„Како што се доближуваат претседателските избори, така и нервозата во белиот дворец станува сè поголема. Христијан Мицкоски и денеска молчи и не даде одговори за фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, ‘Дано транс ЕООД’ формирана во Бугарија во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ѝ остана должен на јавноста да одговори кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак бидејќи станува збор за фирма од најтесното семејство на Хидро Мицкоски“, додава СДСМ во реакцијата.

Според владејачката партија, Мицкоски е нервозен, но јавноста од него очекува јасни и директни одговори.

Треба да знаете
Последни објави