Search

СДСМ: Мицкоски го условува референдумот со амнестија на криминалите на Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е осамен во одбраната на криминалот. Тој е предавник на националните интереси, кој не знае што сака, смета владејачката партија.

„Мицкоски бесрамно условува договор и иден реферндум, со амнестија на криминалите на фамилијата и неговиот ментор Никола Груевски. Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во провалија, да ја турне во изолација и неизвесност. Таквата негова несериозност води кон тоа да останеме сами, изолирани од Балканот и Европа, а неговото бегство од одговорност води кон конфликт, поделби, криминали и неправди“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека нема да дозволи изолираноста на Мицкоски и, како што велат, неговата потреба да го брани криминалот, да ја втурнат Македонија во нова изолација.

Треба да знаете
Последни објави