Search

СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО, Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, реагирајќи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„СДСМ, како одговорна и државотворан партија, во демократска, отворена постапка бира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крај Мицкоски сам да си го избере својот послушник. Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго“, велат од СДСМ.

На Република Северна Македонија и граѓаните, како што додаваат, не и е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.

Треба да знаете
Последни објави