Skip to main content
Македонија

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

25/11/2024  19:03

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ неделава, најверојатно во среда, ќе ја одржи својата прва седница.

На седницататреба да се изберат и потпретседатели и секретари на партијата.

Најсериозен кандидат за иден генерален секретар на СДСМ според информациите на 24инфо.мк е поранешниот советник на Зоран Заев, Митко Андреевски.

За функцијата потпретседател на СДСМ, се вртат неколку имиња, а како што дознава 24инфо.мк најсериозни кандидати се Менде Илиевски од Битола, коносителот на последните парламентарни избори во ИЕ 6 Агрон Демири и поранешната пратеничка Даниела Колева.

СДСМ во иднина ќе функционира со двајца организациски секретари, а неофицијално на оваа функција ќе бидат поставени екс пратеникот Мартин Костовски и Бранко Георгиевски, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.

Според информациите, секретар за меѓународни односи ќе биде Јани Макрадули.