Skip to main content
Uncategorized

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

21/11/2024  18:05

Соопштение на СДСМ:

– Согласно со постојниот систем, пожарникарите се под надлежност на општините кои се 90 посто под капата на ДПМНЕ и затоа незадоволството постојано се зголемува. Но, да не правиме политикантство, СДСМ подава рака ова прашање да го решиме системски и заеднички, бидејќи тоа е целта на амандманот. Оваа целна група на професионалци го заслужуваат зголемувањето на платите, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека противпожарните единици во Македонија се финансираат преку државниот буџет како и преку буџетите на локалните самоуправи, а состојбата на пожарникарите е комплексна и полна со предизвици во однос на нивната опрема, обуката, финансиските ресурси.

– Овие луѓе секојдневно го ризикуваат својот живот за да ги заштитат нашите домови, животната средина и не смееме да дозволиме да се оставени на маргините”, рече Лукаревска.