Search

Светот тешко се справува со вирусот, државите со поразителни бројки

Пред една година беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1 300 000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19. Денес во Кина има само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, но затоа на пример во САД бројот на заболени е околу 150.000 луѓе во еден ден. Ништо помалку не страдаат и другите држави низ Европа и светот.

Во Швајцарија, во последните 24 часа се потврдени нови 4 560 случаи на коронавирус, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Од последното пресек на податоци починале 142 лица, пренесе Ројтерс. Франција го надмина прагот од два милиона заразени со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата.
„Вториот бран е силен, смртоносен, го преминуваме прагот од два милиона случаи на Ковид-19“- изјавија француските власти. Тоа е за 45.552 случаи повеќе во последните 24 часа. Таму се хоспитализирани дури 33.500 пациенти.

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани нови 13.371 случај на заразени со корона вирусот. Во истиот период во земјата се забележани и 216 смртни случаи. Од почеток на пандемијата, во Бразил се регистрирани вкупно 5,9 милиони случаи.
Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави видео снимка од пренатрупана болници во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многи поголем отколку што покжуваат официјалните податоци.

Ништо подобри во статистиката не се ниту државите во регионот каде што секојдневно се бројат починати и нови заразени. Во Србија во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4 994 лица, од последиците од корона вирусот починале 24 пациенти. Ова е најлош ден од почетокот на епидемијата во Србија. Србија од вечерва оди под полициски час со цел спречување на ширење на зарзата.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер. Словенечката влада ги продолжи мерките против епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат активности за забавување на ширењето на вирусот.

Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3 519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани нови 1 945 случаи на инфекција со коронавирус, а 31 лице починало, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 15 371, меѓу нив 1 827 пациенти се на кислородна поддршка. Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2 422 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина

Единствен излез од налетот на пандемијата државите препознаваат во нови, порестриктивни мерки, се додека светот не ги добие вакцините за имунизација, што значи дека во следните два до три месеци ќе се полнат црните статистики на сите држави без исклучок.

Треба да знаете
Последни објави