Search

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина

Сашо Мијалков не се појави на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“ бидејќи судот поради краткиот временски период по синоќешното приведување на Мијалков не издал навремена наредба за негово спроведување на денешното рочиште, информира судијката Џанета Бектовиќ.

„Со оглед дека на обвинетиот Сашо Мијалков му е определена мерка притвор и тој е примен на 20.11.2018 во 19.55 часот, а поради краткиот временски период, судот нема издадено навреме наредба за спровод за обвинетиот Сашо Мијалков за денешната главна расправа, таа се презакажува за 4 декември“, рече Бетковиќ.

Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО, вчеравечер околу 20 часот беше приведен и спорведен во затворот во Шуто Оризари.

Од специјалното јавно обвинителство посочија дека Мијалков бил приведен по нивно барање како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Притворот на Мијалков е во времетраење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави